Гвардиола: Не е проблем ако не донесеме нов напаѓач

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, шампионот на Англија, се уште не знае дали клубот ќе донесе нов напаѓач, кој би го заменил Серхио Агуеро. Летниот преоден рок се затвора на 31 август на Островот, а Сити досега го донесе Џек Грилиш од Астон Вила за 100 милиони фунти.

Сити на секој начин се обидуваше да го доведе Хари Кејн од Тотенхем, но досега лондонскиот клуб не прифати ниту една понуда за својот најдобар играч.

„Кога одлучивме да не го продолжиме договорот со Серхио Агуеро, многу луѓе прашаа што ќе правиме сега, а јас одговорив дека се зависи од пазарот. Можеби ќе купиме некого, можеби нема да купиме. Ситуацијата не се промени. Имаме уште десет дена до крајот на преодниот рок, ќе видиме што ќе се случи. Ако не донесеме никого, и тоа е добро. Среќен сум со тоа што го имам. Секако, нашата главна задача и обврска е да бидеме уште подобри и поконкурентни во борбата за титулата“, заклучи Пеп.

Се вчитува...