ПСЖ е подготвен да го продаде Килијан Мбапе, мегатрансфер од кој францускиот гигант планира да заработи над 100 милиони евра, многу подобра опција отколку да дозволи тој следното лето без никаква отштета да си замине од „Паркот на принцовите“. Воедно, „светците“ веќе имаат план кој играч би го доведе како идеален наследник на Мбапе, а тоа нема да биде Кристијано Роналдо.
Светските медиуми сензационално најавуваа обединување на Меси и Роналдо во Париз, но тоа нема да се случи бидејќи се вмешал Нејмар, кој понудил свој добар пријател како опција за нападот на „светците“. Станува збор за Ришарлисон, играч кој го предводеше нападот на Бразил до светско олимписко злато, а веднаш потоа дојде на тренинг во Евертон и беше стартер на првиот премиерлигашки меч во наредната сезона. Нејмар го убедил Ал Келаифи дека добриот пријател од бразилската репрезентација би бил идеален за латино-напаѓачкото трио заедно со него и со Аргентинецот Меси, а првиот човек на ПСЖ е подготвен да стартува преговори со Евертон.
Подготвена е и понуда од 60 милиони евра што се очекува да биде доволна за да се добие зелено светло за трансфер од „карамелите“, но ќе се чека најпрвин да бидат финиширани преговорите со Реал Мадрид за Мбапе пред да се тргне во офанзива по Ришарлисон
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА