Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона. По ангажманот на Михајло Арсоски, Павле Михајлоски и Куртис Џоунс, ново име во редовите на „виолетово-жолтите“ е Двејн Морган.
Двестаитри сантиметри високиот Американец ги покрива позициите четири и пет и во скопскиот тим доаѓа од унгарското првенство каде во претходната сезона ги бранеше боите на Ореслан каде на 32 одиграни средби бележеше просек од 8.2 поен и 5.0 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА