Арсенал ја отвори новата сезона во Премиер лигата многу лошо бидејќи „Топџиите“ претрпеа порази во двата натпревари. Лондонскиот клуб во првото коло од најсилниот ранг на англискиот фудбал беше поразен од Брентфорд на гости, а претходниот викенд на „Емирати“ беа поразени со 2-0 од градскиот ривал Челси.
Навивачите на Арсенал не се задоволни од начинот на кој клубот направи уште еден преоден рок и како што стојат работите сезоната пред нив нема да биде баш за паметење. Арсенал нема начин како да се врати на старите патеки на славата по заминувањето на Арсен Венгер, и се чини дека клубот тотално ја промени својата политика кога станува збор за доведување засилувања, но и самата игра.
Шпанскиот стручњак Микел Артерта, на кого не му оди баш најдобро откако беше избран за тренер на Арсенал, се наоѓа на мета на критики. Навивачите на овој клуб бараат разрешување на Артета, а наводно челниците на Арсенал му дале три ултиматум натпревари со цел да се обидат да ја спасат својата позиција или во спротивно ќе добие отказ.
Англискиот „Телеграф“ утрово објави дека прва желба на предводникот на Арсенал е италијанскиот стручњак Антонио Конте, кој е без работа откако на крајот од минатата сезона го напушти Интер.
Во Арсенал, тие сериозно размислуваат да контактираат со Конте и да се обидат да го убедат да го преземе нивниот тим доколку Артета добие отказ. Конте веќе работеше во Англија па веќе му е познат теренот, тој го водеше тимот на Челси две сезони, а со „сините“ успеа да стане и шампион во Премиер лигата.
🚨 Antonio Conte is a contender to become Arsenal manager if the club decide to sack Mikel Arteta. (Source: Telegraph) pic.twitter.com/xcD2ZDLDeT
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 24, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА