Македонските претставници во овогодишното издание на ФИБА Еврокупот, ТФТ и Куманово за квалификациските турнири за пласман во главната фаза од натпреварувањето ќе патуваат во Русија, односно Холандија.
На ТФТ му претстои долго патување во Краснојарск, Русија за натпреварите од групата „Ц“ каде покрај скопскиот тим се и домаќинот Енисеј, германскиот Бајројт и израелскиот Хапоел Хаифа, како и противникот во првата рунда на „црно-белите“, унгарскиот СЗТЕ-Седеак.
Куманово пак го очекува пократко патување до Гронинген, Холандија каде во групата „А“, „сино-белите“ прво силите ќе си ги одмерат со австрискиот Гмунден, а потоа во полуфиналето со домаќинот на тунирот. Во оваа група се наоѓаат уште Бенфика и Волунтари.
Квалификациските натпревари ќе бидат одиграни во периодот помеѓу 28. септември и 1. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА