Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, заработи суспензија од два натпревари по црвениот картон што го доби во првото полувреме од дуелот со Венеција.
Дисциплинската комисија при Серија А немаше милост кон овој фудбалер, кој е казнет за „намерно удирање во лицето на противнички фудбалер додека топката не била во негова близина“. Поради ова, Осимен ќе го пропушти неделното гостување против Џенова, како и големото дерби со Јувентус што ќе се игра веднаш по репрезентативната пауза.
За разлика од Осимен, суспензии од по еден натпревар по црвените картони заработени во првото коло од новата сезона заработија: Драговски (Фиорентина), Велосо (Верона), Заниоло (Рома) и Шоутен и Соријано (Болоња).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА