ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар тргна со 0-0 на стартот од второлигашката авантура

Вардар ја стартуваше својата второлигашка авантура со реми од 0-0 во првото коло, во кое „црвено-црните“ му гостуваа на тимот на Кораби. „Вардарци“ се надеваат на експресен камбек во елитното друштво, но во пресрет на овој меч се соочија со сериозен проблем бидејќи не беа во можност да ги регистрираат новите засилувања. Во една таква ситуација, тренерот Симов мораше да се реши за комбиниран состав со голем број на млади фудбалери, кои по голема битка освоија бод на денешниот меч.

Силекс рутински си ја заврши задачата на гостувањето против Кадино триумфирајќи со 0-3, а убедлив триумф на стартот од Втората лига – Запад забелеша и Охрид, славејќи над Беса со 41. Клечкароски постигна два гола за охриѓани, а по еднаш прецизни за победничкиот тим беа Пановски и Наумовски.

Импресивен старт на второлигашката сезона имаше и составот на Воска Спорт, кој на гостински терен го декласираше Гостивар со 0-4, благодарение на погодоците на Емини, Асани, Фета и Каба.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД:

Кораби – Вардар 0-0, Кадино – Силекс 0-3, Тетекс – Велешта 2-1, Охрид – Беса 4-1, Гостивар – Воска Спорт 0-4.

Се вчитува...