Ништо ново со Роналдо – Мендеш разговараше со Јувентус, но далеку е од договор

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш не успеа во намерата да ги убеди челниците на Јувентус без отштета да го ослободат неговиот клиент да си замине од таборот на „црно-белите“.

Јавна тајна е дека Манчестер Сити нема намера да плати ниту едно евро како отштета за Роналдо, наведувајќи го тоа како единствен услов пред да почнат конкретни разговори со португалската суперѕвезда. Кристијано има плата од 31 милион евра што е проблем сам по себе за Јувентус, но „старата дама“ е цврсто решена да не дозволи играчот за кого беа платени 100 милиони евра да си замине без отштета, на една година пред истекот на актуелниот договор.

Мендеш дојде на помош во обид да договори заминување, но ставот на Недвед и Ањели беше повеќе од јасен – Кристијано може да си замине само ако Јуве добие задоволителна понуда.

Засега, ниту еден клуб не е заинтересиран да плати 30 милиони евра, плус да ја покрие платата на Роналдо, а се помалку е време за да се постигне договор и Кристијано да си ја исполни желбата за заминување и нов предизвик во кариерата.

Се вчитува...