„Роналдо е мртов за мене ако оди во Сити“

Преселбата на Роналдо во редовите на Сити ги налути навивачите на Манчестер Јунајтед, во чии редови Португалецот играше од 2003 до 2009 година. Токму од клубот на Манчестер тогаш младиот Роналдо се разви во врвен напаѓач и вистински голгетер, кој предизвикуваше страв и трепет кај противниците.

Големиот навивач на „Црвените ѓаволи“, водителот Енди Голдстајн, тврди дека за него Роналдо би бил мртов доколку отиде во Сити.

„Ќе ми го скрши срцето. Знам дека звучи екстремно, но ако Роналдо оди во Сити, тој за мене би бил мртов … Кристијано ќе биде избришан од Јунајтед. Го слушнав како зборува за неговата љубов кон Јунајтед и за тоа како би сакал да се врати еден ден. Не треба да оди во Сити. Има работи што не се прават кога си ѕвезда. Тој дури и не треба да зборува за овој потег. Ерик Кантона не би отишол во Сити ниту по милион години“, рече Голдстајн.

Инаку, Кристијано Роналдо одигра 292 натпревари за Јунајтед и постигна 118 голови. Со клубот освои три титули шампиони на Англија и еден трофеј во Лигата на шампионите.

Се вчитува...