Добра вест за Вардар – регистрирани сите засилувања, забраната од ФИФА е минато

Вардар конечно ќе може да почне да настапува во комплетен состав откако „црвено-црните“ добија зелено светло за регистрација на сите засилувања кои беа ангажирани во текот на летово. Поради забраната за трансфери од ФИФА истите не можеа да бидат регистрирани навреме за дуелот со Кораби, на кои Вардар со огромен број младинци во составот сепак успеа да остане непоразен, играјќи 0-0.

Сепак, неколку дена по тој меч проблемите се надминати, ФИФА ја повлече забраната, па новите фудбалери на „црвено-црните“ можеа да бидат регистрирани.

Ова значи дека Вардар ќе настапи комплетен на дербито на второто коло во Втората лига – Запад, во кое „црвено-црните“ ќе му гостуваат на тимот на Силекс.

Се вчитува...