Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац стигна до првиот трофеј во Саудиска Арабија откако во финалето на Суперкупот неговиот Ал Мадар славеше над Ал Нор со 22-21.
Тимот на Данило Брестовац одлично го започна натпреварот и по првите 30. минути имаше водство од 10-6. Противникот успеа да се врати во вториот дел од мечот и да приреди неизвесна завршница, меѓутоа тоа не беше доволно за Македонецот да не се закити со трофеј.
Ова воедно беше и прво издание на ракометниот Суперкуп на Саудиска Арабија со што македонскиот тренер и неговиот нов тим со златни букви се запиша во ракометната историја на Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА