Удинезе на нашиот Илија Несторовски стигна до првата победа во Серија А откако славеше на домашен терен над Венециа со 2-0 и тоа без помошта на македонскиот напаѓач кој сеуште се опоравува од повреда. Со овој триумф Удинезе се искачи на првата позиција на табелата во италијанското првенство каде ќе остане најмалку до дуелот на Верона и Интер.
„Црно-белите“ до водство од 1-0 стигнаа во 29. минута од мечот по асистенцијата на Молина и голот на Пусето, Делофеу стрелаше во 70. минута за 2-0, а конечните 3-0 ги постави Молина во четвртата минута од судиското продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА