Во мечот на двете непоразени екипи: Може ли Брегалница да ја запре Академија Пандев!?

Во мечот на двете досега непоразени екипи во македонскиот шампионат Брегалница и Академија Пандев во интересна пресметка во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во таборот на штипјани се свесни дека ги очекува повеќе од тежок натпревар против досега најдобрата екипа во првенството. Но, од друга страна посакуваат квалитетно издание преку кое ќе ги израдуваат своите навивачи. Јасно е дека желбата и кај двете екипи да се остане непоразен и по петтата рунда натпревари.

„Зад нас остана дуелот со Борец, и деновиве максимално се фокусиравме на натпреварот со Академија Пандев. Секако посакуваме да дојдеме до победа иако не очекува дуел со екипата со најдобар старт на сезоната во првенството. Јасно е дека ќе биде тежок натпревар, но мора да го дадеме максимумот да ги израдуваме нашите навивачи“ – вели крилниот офанзивец на Брегалница, Дарко Додев.

Но, по трите едноподруго победи и струмичани посакуваат одржување на триумфалниот ритам. Ја носат фаворитската улога пред пресметката во Штип, но тоа ќе мора да го демонстрираат на терен.

ПРВА ЛИГА (5. КОЛО – денеска, 16 ч.)

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: ШКУПИ – СКОПЈЕ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА

Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

Се вчитува...