Серхио Перез ќе му прави друштво на Ферстапен и следната сезона (ФОТО)

Серхио Перез и следната година ќе вози во болидот на Ред Бул, објавија од Формула 1 тимот. Мексиканецот е дел од тимот од оваа година кога го замени Алекс Албон и веднаш се наметна како добар партнер на Макс Ферстапен со што го осигура своето место на патеките и следната сезона.

Триесетиедногодишникот својата кариера во Формула 1 ја започна во Заубер, а подоцна возеше и за Мекларен, Форс Индија и Рејсинг Поинт.

Се вчитува...