Енис Барди и Леванте и по три кола се без триумф во новата сезона од Ла Лига откако тимот на македонскиот репрезентативец загуби на гостувањето против Реал Сосиедад со резултат 1-0.
Барди беше стартер во таборот на Леванте, но македонскиот репрезентативец не успеа да остави посериозен печат на мечот и беше заменет во 65. минута со Моралес. Победникот беше решен во 42. минута, кога Баренеча го постигна единствениот погодок.
Севилја по двете победи на стартот вечерва одигра само реми против Елче (1-1). Домаќините први поведоа со голот на Роко во 11. минута, а голот за израмнување на Севилја го постигна Ен Несири во 40. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА