Дарко Чурлинов вечерва се израдува на првата победа во дресот на Шалке, откако македонскиот офанзивен фудбалер настапи за својот тим во поедата од 3-1 над Фортуна Дизелдорф.
Чурлинов пред петнаесетина дена пристигна во Шалке на позајмица од Штутгарт и експресно се наметна за првотимски статус во тимот од Гелзенкирхен. Шалке денеска лошо го почна мечот, Фортуна поведе на самиот почеток, но „сино-белите“ направија целосен пресврт, најпрвин Бултер во првото полувреме израмни на 1-1, за Тероде со два гола во вториот дел да донесе огромни три бода.
Македонскиот репрезентативец беше стартер во тимот на Шалке, останувајќи на теренот се до 76. минута, кога при водство на својот тим од 2-1 беше заменет со Ајдин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА