Шкендија останува без најдобриот – Бесарт Ибраими пред преселба во Грција

Бесарт Ибраими сериозно размислува да ја напушти Шкендија и кариерата да ја продолжи во Грција. Второлигашот од нашиот јужен сосед, тимот на Ксанти, искажал сериозен интерес за да го доведе Ибраими во своите редови. Раководството на Ксанти долго време го барало Михалис Маниас, но откако овој трансфер не се реализирал сега вниманието е целосно насочено кон Ибраими.

Грчките медиуми информираат дека возраста на македонскиот голгетер (34 години) не претставува никаков проблем за грчкиот второлигаш. Фактот дека Ибраими постигна 24 погодоци минатата сезона е доволен доказ дека тој се уште може да игра на највисоко ниво, а и самиот фудалер е заинтересиран за уште една интернационална авантура пред да ја заврши кариерата.

Шкендија е на потег, дали да даде зелено светло за заминување на најдобриот голгетер во ситуација кога тетовци се далеку од посакуваната форма на стартот од сезоната.

За потсетување, Шкендија моментно се наоѓа на осмото место на табелата со само една победа во првите пет кола од македонското првенство (три реми и еден пораз).

Се вчитува...