УС Опен 2021: Ѓоковиќ за историја кај мажите, додека кај дамите…

Почнува УС опен. Прва вест на турнирот ќе биде походот на Новак Ѓоковиќ по календарскиот гранд-слам откако претходно триумфираше на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Откако не успеа да стигне до златниот медал на игрите во Токио, Србинот до крајот на сезоната има само една цел, а тоа е освојување на американскиот гранд-слем.

Откако минатата сезона не стигна до трофејот поради скандалот што се случи со линиската судијка која ја погоди со топче, годинава и те како има причина за одмазда. Откако Роџер Федерер и Рафаел Надал го откажаа учеството, главни предизвикувачи на Србинот ќе бидат, Данил Медведев и Александер Зверев, а тука се и Стефанос Циципас и Андреј Рубљов.

Од другата страна кај дамите нема изразит фаворит. Серена Вилијамс поради повреда ќе го пропушти „Флешинг мидоус“, а меѓу најголемите фаворитки ќе бидат Ешли Барти и Наоми Осака. Сепак, сезонава покажа дека буквално секој може да освои турнир на ВТА турнејата, така до финишот на УС опен нема да се знае кои тенисерки може да стигнат до самиот крај.

 

Се вчитува...