Голема трагедија се случи за време на фудбалски натпревар во бугарското село Лесичово кога гром удри и го усмрти фудбалскиот тренер Иван Ранчев (41). Како што пренесуваат бугарските медиуми, итната помош можела само да констатира смрт.
Овој настан се случил попладне за време на контролниот натпревар помеѓу екипите од Лесичово и Ботево кога првин почнало да врне силен дожд, а потоа удрил и гром, пренесува порталот „Новините“.
Молња удрила и во еден од фудбалерите на теренот, но тој преживеал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА