Синоќешниот натпревар помеѓу Ремс и ПСЖ бил најгледаниот настан на телевизија во Шпанија. Интерес за француската Лига 1 во оваа земја не би требало да има многу, освен кога е во прашање Меси. Аргентинецот синоќа го имаше своето деби за парижаните, а телевизијата „Теле5“ имала 2.214.000 гледачи и споделување од дури 18,5 отсто, што е своевиден рекорд.
Инаку рекордна гледаност е забележана и во Франција, дуелот помеѓу Ремс и ПСЖ преку ТВ екраните го гледале 10.5 милиони Французи што е најмногу во историјата на фудбалската Лига 1!
Впрочем целата светска јавност синоќа со внимателност го следеше овој натпревар, а Лионел Меси своето деби го направи во 65.минута кога го замени Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА