„Сер Боби“ ги поведе репрезентативците: Првиот тренинг без Елмас и Јаховиќ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација попладнево на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одработи првиот тренинг од подготовките за септемврискиот квалификациски циклус за пласман на СП 2022.

„Сер Боби“ ги поведе репрезентативците, во голема мера истите со кои соработуваше и на патот до Европското младинско првенство 2017 во Полска. Сега со нови цели и амбиции, нови предизвици да се продолжи на патот на успешниот фудбалски репрезентативен тек.

Првиот тренинг денеска беше единствено без Елиф Елмас и Адис Јаховиќ кој во текот на вчерашниот ден имаа натпревари со Наполи односто Гезтепе, па дополнително ќе се приклучат на активниот тренажен процес пред првиот септемвриски дуел против Ерменија на 2. септември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

Се вчитува...