УС Опен: Киргиос веднаш елиминиран, лесни победи на Медведев и на Осака

Ник Киргиос експресно го заврши настапот на УС Опен откако австралискиот тенисер загуби од Роберто Баутиста Агут со максимални 0-3 во сетови. Шпанскиот тенисер беше подобар од самиот почеток, ги доби првите два сега со 3-6 и 4-6, за Киргиос целосно да се распадне во третиот сет во кој не освои ниту еден гејм, па Баутиста Агут полесно од очекувањата се пласираше во следната рунда.

Рутински до пласман во втората рунда стигна и Медведев, кој славеше со 3-0 на дуелот со ветеранот Ришар Гаске. Медведев направи брејк пред самиот крај на првиот сет за да го добие со 6-4, за потоа целосно да ја преземе контролата и да слави и во наредните два сета со 6-3 и 6-1. Негов следен ривал ќе биде Германецот Кепфер, кој синоќа триумфираше со 3-2 над квалификантот Халис.

Наоми Осака лесно и убедливо славеше на својот прв меч на УС Опен, декласирајќи ја Бузкова од Чешка со 6-4, 6-1. Свитолина триумфираше над Марино од Канада со 6-2, 6-3, а Жабер по голема битка ја совлада Корне со 7-5, 7-5.

Се вчитува...