Лос Анџелес лејкерс продолжува со носење на искусни кошаркари како засилување во обид да се состави нов шампионски тим. Рејџон Рондо е подготвен за враќање назад во Ел-Еј откако исксуниот плејмејкер ги договори условите за раскин на договорот со Мемфис Гризлис, по што ќе може да потпише договор со лејкерси.
Рејџон Рондо мина две сезони во дресот на ЛА Лејкерс и му помогна на овој тим да стигне до титулата во НБА-лигата во 2020. Веднаш потоа тој се пресели во Атланта, од каде беше „трејдуван“ во ЛА Клиперс. Тој не се задржа многу долго ниту во оваа екипа, па летово беше испратен во Мемфис како дел од трансферот на Ерик Бледсо. Овој 35-годишен ветеран имаше просек од 7,6 поени и 5,8 асистенции во дресот на ЛА Клиперс.
Интересно е што Рондо и на 36-годишна возраст ќе биде шестиот најстар кошаркар во ростерот на ЛА Лејкерс, зад Кармело Ентони, Леброн Џејм, Марк Гасол, Тревор Ариза и Двајт Хауард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА