Младата репрезентација на Македонија под водство на новиот селектор Драган Канатларовски ги реализира финалните тренинзите во Скопје пред заминувањето за Франција каде во четврток (2. септември) од 18:30 часот во Ле Ман го игра првиот натпревар во квалификациите за ЕП 2023.
Надежите стартуваат нов во обидот да се дојде до Европско првенство иако во повеќе од тешка група во која, покрај Франција, се уште и Србија, Украина, Ерменија и Фарските острови.
Канатларовски се соочува и со проблемите околу креирањето на составот за дуелите со Франција и потоа со Србија (7. септември во Охрид) поради проблемите со Ковид и повреди кај дури четворица клучни играчи. Но, оптимизмот за позитивно издание владее во таборот на националниот тим кој посакува успешен настап во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА