Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марио Младеновски ќе биде ново засилување на прволигашот Македонија Ѓорче Петров, дознава ЕКИПА. Тој во редовите на македонскиот прволигаш доаѓа од редовите на бугарскиот Ботев Пловдив во кој настапуваше минатата сезона.
Младеновски во Ѓорче Петров се сели на едногодишна позајмица од редовите на бугарскиот прволигаш.
Македонскиот репрезентативец потекнува од фудбалската школа на Вардар, а во кариерата играше и за дански Фремад. Поради позитивен тест на Ковид-19 тој отпадна од списокот за почетокот на квалификациите на младата репрезентација, но по негативниот добиен тест тој веќе е во Скопје каде денеска ќе потпише со тимот од Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА