Едно полувреме им беше потребно на Дејан Манасков и Веспрем за да влезат во својот препознатлив ритам и да ги „мелат“ противниците во унгарскиот шампионат.
Избраниците на Момир Илиќ се соочија со неочекувани проблеми во првото полувреме против аутсајдерот Комлои, на одмор заминувајќи со само еден гол предност (19-18). Во вториот дел на терен излезе една сосема поинаква екипа, Цупара не прими гол во првите десетина минути, што овозможи Веспрем да се одлепи резултатски и да го реши прашањето на победникот. Домаќините продолжија со агресивна одбрана до самиот крај, Комлои постигна само шест гола во второто полувреме, па овој натпревар заврши со конечни 39-24.
Манасков постигна два погодоци на премиерниот меч од новата сезона, а најефикасни кај Веспрем беа Македа и Дорнеи со по шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА