Полскиот прволигаш Горник Забрже е нов клуб на македонскиот интернационалец Давид Тошевски, кој се сели во Полска на едногодишна позајмица од редовите на Ростов.
Тошевски замина како голем талент од Работнички во Ростов, но настапи само на шест лигашки средби за овој клуб, како и на еден дуел од квалификациите за Лигата на Европа. Вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Тамбов, но повредата на коленото го спречи да остави посериозен печат во настапите за овој тим.
Тошевски за соиграч во новиот клуб ќе го има легендарниот германски голгетер Лукас Подолски, од кого македонскиот талент ќе има што да научи во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА