Вест Хем е меѓу најактивните европски клуови кога станува збор за завршницата на преодниот рок. „Чеканите“ најпрвин го потпишаа Зума од Челси, па следеше и Влашиќ од ЦСКА Москва, за доцна вечерва да биде комплетиран уште еден трансфер, на чешкиот интернациналец Алекс Крал.
Овој 23-годишен фудбалер за врска пристигнува на едногодишна позајмица од Спартак Москва, со можност Вест Хем следното лето целосно да го откупи неговиот договор. Крал е третиот чешки репрезентативец во таборот на „чеканите“, по Томаш Соучек и Владимир Куфал.
„Пресреќни сме што го добивме Алекс во тимот. Тој ќе овозможи силна конкуренција за место во средниот ред. Го донесовме на позајмица, но се надевам дека ќе ни биде од голема помош и ќе се наметне за уште подолго да остане во клубот“, изјави менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА