Сосема идентично како пред две години на Европското првенство во Љубљана, македонската одбојкарска репрезентација денеска против Финска ги почнува своите настапи на ЕП 2021.
Дуелот со домаќинот на шампионатот е идеална можност за отварање на ЕП на најдобар можен начин, со реванш на Финците за поразот од пред две години. И покрај тоа што сега се и домаќини…
„Не е подобра репрезентација од нас, но се ќе зависи од нашата верба, храброст и зрелост. Го гледав првиот натпревар со нив и навистина загубивме на ситни работи, а во нашата игра има можност за напредок уште 20 или 30 проценти. Доколку успееме да се подобриме за 10, мислам дека ќе ги победиме“ – убеден е капитенот Никола Ѓорѓиев.
Иако финскиот селектор Џоел Бенкс промени седуммина од таа пресметка, на теренот главно ќе решаваат исти одбојкари. Отсуството на примачот Силтала може да значи нивна несигурнот токму во тие еден до два решавачки поена во сетовите. Но ние ќе бидеме вистински само ако се насочиме кон себе, а со тоа да го покажеме најдоброто македонско.
„Прво што мора е да веруваме во себе, да бидеме храбри и зрели и да издржиме на нивната игра. Јас знам како тие ќе играат, ќе ни ја даваат топката и ќе направат малку неизнудени грешки. Тука треба да бидеме луцидни и зрели и да бидеме храбри. Не смееме да играме женска одбојка,туку мораме да ги нападнеме уште од првиот здив и веднаш да им најавиме дека дојдовме тука за да ги победиме, нешто слично како што направивме со Белорусија, со Словенија, со Турција во вториот натпревар во јануари во Скопје. Исто така, многу работи ќе зависат од одбраната, а тие играат многу добра одбрана, па ние ќе треба бидеме трпеливи и да ја градиме играта. Не мора секогаш да завршуваме од прва, ќе се играат долги поени. Трет фактор ќе биде нашиот сервис, а мислам дека во овој елемент имаме голем напредок во однос на Европската лига и тоа ќе го покажеме на овие натпревари, така што ќе си овозможиме полесни поени од нашиот блок, или, пак, блок-одбрана напад, а зоштода не и директни асови“ – вели Ѓорѓиев.
Натпреварот меѓу Македонија и Финска на отворањето на Европското првенство 2021 се игра денеска со почеток од 18 часот.
Полуфиналистот во 2007-та осмипат по ред, а вкупно 19-ти ќе настапи на европските првенства. Но иако некои бројат, тоа никому нема да му биде значајно ако Никола и Љафта бомбардираат, ако Владо и Шаби примаат,ако Ристо и Манџо блокираат, а Џорџо и Фичо организираат, со една реченица ,доколку црвено-жолтите ги повторат најдобрите изданија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА