Трансферот на Чалета-Цар во Премиерлигата пропаднал поради сопругата

Дује Чалета-Цар во летниот трансфер рок беше поврзуван со трансфер во Премиерлигата во редовите на Вест Хем и Вулверхемптон, но истиот не се реализирал поради неговата сопруга, пренесуваат француските медиуми.

Имено, сопругата на хрватскиот репрезентативец кој неодамна постана татко, Адриана Џурџевиќ не сакала да замине од Марсеј и да живее во Англија каде климата е далеку полоша од Медитеранот.

Чалета-Цар во Марсеј пристигна пред три години и досега одигра 91 натпревар за францускиот тим. Но, поради пропаѓање на трансферот кој на овој клуб би му донел околку 25 милиони евра, неговото место во Марсеј сега е загрозено.

Се вчитува...