Манчестер јунајтед не планира да застане по потпишувањето на договорот со Кристијано Роналдо. Имено тимот од „Олд трафорд“ уште отсега се насочува кон потписот на еден од најдобрите млади фудбалери во светот, Ерлинг Халанд.
Норвежанецот во моментов е дел од Борусија Дортмунд, тим од кој токму ова лето во Манчестер стигна Џејдон Санчо. Следното лето Јунајтед би можел да го доведе младиот Норвежанец за 75 милиони евра што би била одлична сума за фудбалер како него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА