Белорусија и Велс со голеада ги отворија неделните натпревари во европските квалификации за Свесткото првенство по која Велс стигна до нови три бода откако славеше со 2-3 во пресврт победа благодарение на хет-трикот на Герет Бејл.
Играчот на Реал Мадрид предноста за својата репрезентација ја донесе од белата точка во 6. минута од мечот, но веќе до полувремето Белорусите успеаја да стигнат до целосен пресврт. Лисакович во 29. минута реализираше од пенал, а две минути подоцна Седко го постигна и вториот гол.
Бејл повторно реализираше од пенал во 69. минута од натпреварот за 2-2, а потоа беше и херој на Велшаните во третата минута од судиското продолжение во која по нафрлената топка во шестнаесетникот се створи гужва пред голот на Белорусија, а Бејл умрешно реагираше за славеје на гостинската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА