Ракометарите на украинскиот преставник во СЕХА лигата, Мотор славеа со 20-31 во дуелот за трето место на Ф4 турнирот на интернационалното првенство. По израмнетата игра во првото полувреме, Украинците ги земаа работите во свои раце и стигнаа до убедлива победа.
Натпреварот започна во изедначено темпо во кое и покрај тоа што Мотор речиси постојано беше чекор пред белорускиот тим и во еден момент имаше предност од четири поени (5-9), не успеа да ја задржи предноста на полувремето во кое двата тима заминаа со изедначен резултат (11-11).
Сепак Украинците успеаја да наметнат свое темпо веќе на отварањето на второто полувреме во кое преку серија од 4-0 повторно стигнаа до највисоката предност (11-15). Мешков Брест успеа на момент да се врати во игра, но добриот моментум на Мотор продолжи во сите 30. минута за комотна победа на крајот на мечот.
Натпреварот за првото место во кој ќе се сретнат Загреб и Веспрем е закажан со почеток од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА