Јужноамериканската класика помеѓу Бразил и Аргентина доби неочекуван крај откако по само седум минути игра официјални лица од Министерството за Здравство на Бразил влетаа на теренот да ги отстранат аргентинските репрезентативци, Мартинез, Буендиа, Ромеро и Ло Селсо кои настапуваат во англиското првенство.
URGENT 🚨
Brazil and Argentina match were canceled. ❌
— 𝖥𝖠𝖲𝖳 𝖦𝖮𝖠𝖫𝖲 (@IFAST66) September 5, 2021
Имено, мерките за заштита од Ковид-19 во Бразил налагаат лицата кои доаѓаат од Англија да поминат четиринаесетдневен карантин, нешто што Аргентинците не го остварија. На ваквата одлука имаше разни реакции на теренот, а камерата која беше вперена во капитенот на „гаучосите“ го фати Лео Меси како вели дека Аргентинците немаат намера да го продолжат овој дуел.
„Заминуваме. Нема да го завршиме овој натпревар. Дојдовме тука со намера да се натпреваруваме, и без предупредување дека нешто може да се случи. Дојдовме тука пред три дена, можевте да реагирате тогаш. Ова е срамота, целиот свет го гледа ова“, рече Меси со што стави дознаење каков ќе биде крајот на овој дуел.
🚨 Messi:
“We are going. We are not going to finish the match. We came here with the intention of playing. We came and no one warned us that something was going to happen.
“We arrived 3 days ago and they could have taken us out earlier, which is disastrous.
— 𝖥𝖠𝖲𝖳 𝖦𝖮𝖠𝖫𝖲 (@IFAST66) September 5, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА