Македонските одбојкари имаат настапи на Европското првенство 2021 далеку под најавите и очекувањата на спортската јавност. Три порази на првите три натпревари од групата во Тампере, па денеска конечно можност за прв триумф против селекцијата на Шпанија единствено за престиж и чест.
По вчерашното лошо издание против Турција, избраниците на Душко Николиќ посакуваат далеку подобра игра и прва победа против Шпанија која е во идентична ситуација како нашата, со три порази на првите три натпревари. Јасно е дека пласманот во следната рунда натпревари е сведен само на теорија, но никако не смее да се пропушти можноста за прв триумф на шампионатот.
Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија на ЕП во Финска се игра со почеток од 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА