Алиоски најдобар фудбалер во 5. коло од квалификациите за СП 2022 година (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгјан Алиоски е избран за најдобар во 5. коло од квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. Алиоски во ремито на Македонија против Исланд беше еден од најдобрите во нашата репрезентација, а се запиша и во листата на стрелци со голот во 54. минута.

Македонија иако беше многу подобар противник од Исланд на крајот остана само со бод и покрај предноста од 0-2 која ја имаше.

 

 

Се вчитува...