Сите горат за победа, Романија треба да плати за поразот во Букурешт (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските фудбалери го одржаа и последниот тренинг во пресрет на утрешниот дуел со Романија, трет во пеколниот септемвриски распоред од квалификациите за СП 2022.

Првите две средби на Благоја Милевски како селектор на А-репрезентацијата заавршија со реми, а и кормиларот и сите фудбалери се максимално мотивирани утревечер заедно да се израдуваат и на триумф.

Мотив повеќе им е првиот меч со Романците, на кој несреќно примивме гол во финишот и претрпевме минимален пораз од 3-2. Утре е денот за израмнување на сметките и за враќање на Македонија во игра во трката за второто место во групата, кое носи во баражот за пласман на СП.

Се вчитува...