Фудбалерот на Јувентус, Алфонсо Мекини исфрлен е од репрезентацијата на САД поради кршење на Ковид протоколите.
23-годишникот е исфрлен од екипата од страна на селекторот Грег Берхалтер откако во хотелската соба довел придружничка и со тоа ги скршил ковид протоколите. Медиумите во САД пренесуваат дека во хотелската соба со Мекини била сестра на еден од неговите соиграчи од репрезентацијата со која поминал страствена ноќ.
Тој нема да биде дел од составот на САД на мечот против Хондурас во квалификациите за Светското првенство 2022 кој ќе се игра вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА