Северна Кореја формално е суспендирана од Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Оваа одлука ја соопшти претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, а како причина го наведува тоа што Северна Кореја не испрати свои претставници на Летните олимписки игри во Токио годинава и со тоа ги прекршила основните правила.
„Секоја земја мора да ги исполнува своите обврски како член на Меѓународниот олимписки комитет. Северна Кореја тоа не го направи и ова е единствена логична одлука. Постои можност на поединци да им биде дозволено да учествуваат како независни натпреварувачи“, изјави Бах.
Северна Кореја е суспендирана до 2022 година, но забраната може да биде продолжена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА