Лука Модриќ во иднина би можел да го облече дресот на Манчестер Сити, пренесува шпанскиот медиум „Ел Национал“. Договорот на хрватскиот репрезентативец со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а „ѓраѓаните“ ќе се обидат да го примамат во своите редови со интересен договор.
Планот на Сити е да го задржи играчот за врска во своите редови една или две сезони, а потоа Модриќ залезот на својата кариера да го дочека во партнерскиот клуб Њујорк Сити во американското првенство од каде постоеше интерес за 36-годишникот и во минатото.
Сепак многу од тоа ќе зависи и од Реал Мадрид со оглед на тоа што „кралскиот клуб“ сеуште не е подготвен да го испушти Хрватот од своите редови. Мадридскиот клуб е задоволен од Модриќ и очекувањата се дека ќе му понуди продолжување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

