Младата британска тенисерка Ема Радукану е сензационална шампионка на последниот гранд-слем во сезоната УС опен.
Британката во финалето славеше над својата врсничка Лејла Ени Фернандез со 2-0 по сетови 6-4 и 6-3. Радукану е првата тенисерка која од квалификации успеала да стигне до титулата на УС опен, а уште поголем е податокот дека до трофејот стигна без ниту еден изгубен сет.
Фернандез од другата страна на патот до финалето ги елиминираше Осака, Кербер, Свитолина и Сабалјенка, но немаше сила на крајот да стигне и до трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА