Хорор повреда на кошаркар на Звезда – Целиот во крв и со скршен зглоб го напушти теренот

Кошаркарот на Црвена Звезда, Ерон Вајт доживеа хорор повреда во пријателскиот меч кој неговиот тим го доби со Панатинаикос 83-55. Тој во третата четвртина истрча контранапад, заби, а еден од противничките кошаркари го бутна од зад грб, што беше доволно Американецот да изгуби рамнотежа и да падне на паркетот.

Докторите веднаш втрчаа во теренот како би му помогнале, но делува дека повредата е од потежок карактер и дека раката му е скршена, а плус му пукна и аркадата и со крв на лицето го напушти теренот.

 

 

Се вчитува...