Победа и Каменица Саса одиграа без победник во дербито на 3. коло од Втората лига – Исток. Беласица, пак, во Струмица со пресврт славеше со 3-1 против Кит Го.
Победа поведе со голот на Филип Стомнароски во 56. минута, но гостите израмнија за конечни 1-1 со голот на Филип Димоски во 84. минута.
Беласица против Кит Го до триумфот дојде со головите на Александар Коцев во 79. минута и Васил Крстев во 90. минута. Претходно, Кит Го во 29. минута поведе со голот на Зоран Андонов, а во 36. минута од пенал израмни Коцев кој беше најзаслужниот за трите бода за струмичани.
Осогово со автоголот на Амедовски во 35. минута и на Манов во 82. минута дојде до првата победа сезонава, триумфирајќи со 2-0 против Братство.
Слога Виница е лидер на табелата по триумфот од 1-2 на гостувањето против Локомотива со головите уште во првото полувреме на Иванов и Бериша.
РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО
Победа – Каменица Саса 1-1
Беласица – Кит Го 2-1
Осогово – Братство 2-0
Локомотива – Слога 1934 1-2
Детонит јуниор – Кожуф 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА