Битолското братско дерби за поискусните, Вардар убедлив против „новајлијата“ Скопје

Поискусниот тим го доби битолското братско дерби меѓу Пелистер и Пелистер 2 со 29-24. Избраниците на Жељко Бабиќ уште од самиот старт го диктираа темпото и на пауза заминаа со предност од 13-10. Во вториот дел ја зголемија предноста за конечни 29-24. Обрадовиќ, Табоада и Мандалиниќ завршија со по пет гола кај победникот, додека кај поразените четири постигна Павле Петровиќ.

Актуелниот шампион Вардар го совлада новајлијата Скопје со 48-24. „Црвено-црните“ уште на полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот добивајќи го со 25-11, а до крајот предноста само се зголемуваше за конечни 48-24. Талески и Дибиров со по седум гола беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените Бојан Чакалиќ заврши со пет.

Се вчитува...