СУПЕРЛИГА: Тот херој за Бутел, Струга го освои Радовиш

Ракометарите на Бутел стигнаа до победа од 28-27 против Прилеп во најинтересниот натпревар во 1. коло од ракометната Суперлига. Двата тима во текот на целиот меч беа во егал, а на крајот  Тот беше херој за домашниот тим.

Најефикасен во составот на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со осум погодоци, додека во тимот на Прилеп по шест гола постигнаа Реваз Чантурија и Христијан Милошески.

Стурга стигна до првиот триумф во новата сезона откако славеше на гостувањето кај Радовиш со 19-22. Во еден тврд натпревар со малку погодоци, гостите на крајот подобро се снајдоа и стигнаа до прва победа сезонава. Бобан Блажевски со 11 гола беше убедливо најдобар поединец на натпреварот.

РАКОМЕТ СУПЕРЛИГА РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО: 

Вардар – Скопје 48-24

Пелистер – Пелистер 2 29-24

Охрид – Тиквеш 29-24

Бутел – Прилеп 28-27

Металург – Пролет 22-24

Радовиш – Струга 19-22

Се вчитува...