Конор Мекгрегор направи вистински хаос на церемонијата за доделување на МТВ наградите, а Меган Фокс едвај го спаси својот дечко од лудиот Ирец. Меган Фокс и Машин Ган Кели прошетаа по црвениот тепих на оваа церемонија, а по позирањето со папараците настанал инцидентот!
Конор Мекгрегор прво вербално го нападнал раперот, а потоа сакал и физички да го нападне, па актерката се нашла во улога да мора да ги раздели двајцата!
Претходно, УФЦ-борецот му истурил пијачка на раперот, па така и најавил дека има сериозни намери да ги одмери силите со Ган Кели, сепак, инцидентот бил брзо неутрализиран, па освен паника и шок меѓу присутните немало никакви последици помеѓу познатиот пар и Ирецот.
Сe’ уште не е точно познато што го предизвикало овој конфликт, а Конор изгледа негира дека на настанот нешто воопшто се случило.
„Ништо не се случи, јас само се борам со вистински борци, луѓе кои всушност се дел од ММА. Сигурно не се борам со мали обични рапери. Јас дури и не го познавам ова момче”, додаде борецот на УФЦ.
Иако еден сведок тврдеше дека било навистина хаотично, и дека обезбедувањето морало да интервенира за да се избегне поголема тепачка, медиумскиот претставник на Конор демантираше дека конфликтот се случил и покрај фотографиите и видеата објавени во јавноста.
Conor McGregor throws a drink at MGK on the red carpet (via ig:laurademytrk) pic.twitter.com/H0naCNbMta
— Barstool Sports (@barstoolsports) September 13, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА