ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Се „готви“ жешка сезона – Најмалку шест клуба имаат еднакво право да се надеваат на титула!

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 6. КОЛО

И 6. коло од Првата македонска фудбалска лига само го потврди тоа што добро се знае од самиот почеток дека ова ќе биде можеби најизрамнетиот фудбалски шампионат во историјата на македонскиот фудбал. Ниту една анализа не може точно да одреди кој е најголемиот фаворит за титулата, кои клубови ќе бијат битка за европските места а кои за опстанок. Оваа рунда, ако ништо друго, посочи дека Академија Пандев има максимално респектабилен состав кој е спремен да ја води битката за титула во која свое место бараат и претходно отпишуваните Струга Трим Лум и Работнички. Долга сезона е пред љубителите на фудбалот во Македонија… Се „готви“ жешка сезона во која најмалку шест клуба, ако се суди според почетокот, имаат сосема еднакво право да се надеваат на трофејот!

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Мартин Мирчевски (Академија Пандев)

Убедливо најдобриот поединец во големата победа на Академија Пандев против Македонија ЃП. Продолжува да ги решета мрежите на противниците сега со два гола партиципирајќи во триумфот над „лавовите“ од 4-1.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Академија Пандев)

Неговата екипа експресно се врати на психолошки план по оној трилер-пораз од Брегалница во претходното коло и по лошиот старт на мечот со Македонија ЃП во оваа рунда. Васоски комплетно ги состави коцките на тимот кој изгледаше моќно на терен убедливо триумфирајќи против „лавовите“ и тактички тотално доминирајќи во однос на противникот.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Лука Трајковски (Борец)

Постигна убав погодок со шут од околу 20 метри, иако и со мала помош на противничката одбрана, но сепак повеќе од значаен гол за Борец за триумф кој е и тоа како важен во битката за опстанок оваа сезона.

========================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ НА КОЛОТО: Оправдано поништен гол за Тиквеш или не?

Од оваа рунда натпревари се издвои моментот со поништениот погодок на Симеон Христов за Тиквеш на дуелот против Ренова. Имаше или не офсајд проценете сами. Овој гол можеше да го промени текот на натпреварот доколку следеше израмнување во тие моменти…

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Чекајте ме и мене да се радувам….

ТАБЕЛА – 6. КОЛО

Се вчитува...