Прволигашите без поголеми проблеми обезбедија пласман во осминафиналето од Купот на Македонија. Македонија ЃП, Ренова, Работнички, Брегалница, Струга ТЛ, Пелистер, Тиквеш ќе играат во следната фаза од најмасовното домашно клупско натпреварување откако славеа на денешните дуели. Шкендија, Шкупи и Борец своите натпревари од 1/16-финалето ќе ги играат на 22. септември.
Брегалница триумфираше на гостувањето против амбициозниот второлигаш Воска Спорт во Охрид. Со голот на Дарко Додев уште во 7. минута Брегалница дојде до триумфот од 0-1 на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Работнички дојде до победа против Слога во Виница од 0-3 со головите на Стојковски во првото полувреме и Андреј Лазаров и Дин Аломеровиќ во второто полувреме. Со идентични 0-3 славеше и Македонија ЃП на гостувањето во Радовиш против Детонит јуниор.
Пелистер славеше убедлива победа од 0-9 на гостински терен против Љуботен а хет-трик уште во првото полувреме запиша Бобан Здравевски.
Беласица славеше со 1-2 на гостувањето против Кораби со головите на Митовски во 16. минута и Милушев во 87. минута. Со 0-2 славеше Охрид против Локомотива Градско со головите на Бакулески и Шопоски.
Тиквеш исто така го победи Новаци со 0-2 со головите на Ѓурковски и Спахиу. Голманот Андреја Ефремов е херојот на Скопје кој по пенал-серијата беше подобар од Беса Добридол. Во регуларниот дел мечот заврши без победник, 1-1.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ
ДЕТОНИТ Јуниор – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-3
ПОБЕДА – ВАРДАР 1-1 (по пенали: 5-6)
ВОСКА Спорт – БРЕГАЛНИЦА 0-1
ЛОКОМОТИВА – ОХРИД Лихнидос 0-2
ГОСТИВАР – РЕНОВА 0-4
ЉУБОТЕН – ПЕЛИСТЕР 0-9
КОРАБИ – БЕЛАСИЦА 1-2
СЛОГА Виница – РАБОТНИЧКИ 0-3
НОВАЦИ 2005 – ТИКВЕШ 1930 0-2
САСА Каменица – СТРУГА Трим Лум 0-2
БЕСА Добридол – СКОПЈЕ 1-1 (по пенали: 3-4)
ВЕЛЕШТА – ШКУПИ 1927 (22. септември)
КИТ ГО – ШКЕНДИЈА (22. септември)
ЊУ СТАРС – БОРЕЦ (22. септември)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА