Нема крај на проблемите – Металург поразен и од Прилеп

Нема крај на проблемите за поранешниот македонски шампион Металург, откако тимот од Автокоманда го забележа и вториот пораз сезонава во Суперлигата. По поразот од Пролет на домашен терен, овој пат скалпот на „металурзите“ им го зема и Прилеп кој ги совлада со 28-24.

Уште од самиот старт прилепчани наметнаа темпо и веќе имаа предност и од пет гола (8-3). До крајот на првиот дел гостите некако се консолидираа и на пауза заминаа со негатива од само два гола 15-13.

Во второто полувреме домаќините успеаја да го задржат водството и на крајот да стигнат до триумф од 28-24. Казеин Рустамов со седум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Костадин Петров заврши со пет.

Се вчитува...