Ракометарите на Пелистер стигнаа и до вториот триумф сезонава во домашната Суперлига, откако славеа на гостувањето кај Тиквеш со 24-30. Домаќините имаа сила за само едно полувреме против големиот фаворит, откако по триесет минути игра имаа негатива од само еден гол 14-15.
Битолчани во вториот дел ја покажаа разликата во квалитет и на крајот стигнаа и до рутински триумф од 24-30. Јосип Павлетиќ Божиќ со шест гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Тиквеш дури четворица ракометари завршија со четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА